Премиерот Груевски ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, доцна вечер по македонско време, ќе се обрати пред 68. Генерално собрание на ОН во Њујорк.

Предвидено е тој утре, да се сретне и со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун.

Премиерот Груевски, во САД предводи владина делегација која во рамките на економскиот дел од посетата одржа повеќе бизнис форуми.

Делегацијата има и повеќе поединечни средби со претставници и менаџерски тимови на американски компании кои се потенцијални инвеститори во Македонија, како и со останати субјекти од САД кои учествуваат во сферата на економијата.

Тој ја посети и корпорацијата Форбс каде што со потпретседателот на корпорацијата, Кристофер Форбс беше потпишан Договор за соработка на полето на привлекувањето на странските инвестиција.

Во рамки на посетата на САД, премиерот Груевски во придружба на министерот за здравство Никола Тодоров, посети и повеќе медицински центри, болници и здравствени капацитети во Принстон, Чикаго и Бостон, каде имаше средби со нивните менаџерски тимови, во насока на разгледување на можностите за остварување соработка помеѓу македонските и американските здравствени установи или конкретизација на соработката како резултат на претходно остварени контакти.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он