Најпознатата измамничка од Нетфликс ќе се натпреварува во „Танц со ѕвездите“

Од:

Ана Сорокин, измамничката позната и како Ана Делви, по која беше снимена хит серијата на Нетфликс „Inventing Anna”, ќе се натпреварува во новата сезона на американскиот „Танц со ѕвездите“, пишува Си-Ен-Ен.

Ана е претставена во трејлерот на шоуто како „злогласната модна икона со затворска алка на глуждот“. Во шоуто таа ќе танцува со професионалниот танчер Езра Соса.

„Некои ја гледаат како лукава измамничка, додека други ја гледаат како харизматична и амбициозна претприемачка која ја искористила предноста на социјалната елита во Њујорк за да отвори престижно уметничко студио“, се вели во нејзината биографија во соопштението за печатот.

„Нејзиниот случај, исто така, предизвика дискусии за богатството, привилегиите и општественото воздигнување во современото општество. Нејзината приказна продолжува да ја освојува имагинацијата на јавноста“, се додава.

На промотивните фотографии на сите натпреварувачи на реалното шоу за танц, објавени на Инстаграм, Сорокин носи алка за нога бидејќи е во домашен притвор.

Ана е родена во Русија и е позната по тоа што ги измамила банките и њујоршката општествена сцена за илјадници долари помеѓу 2013 и 2017 година. Тогаш таа живееше на Менхетен, а сите мислеа дека е германска наследничка со богатство од 67 милиони долари во Европа.

На Ана и е забрането да ги користи сите социјални мрежи. Таа често се фотографира и снима додека оди на суд, а овие ситуации редовно ги користи како можност да го покаже својот моден избор.

Би можело да ве интересира

Fiction со нов сингл- Булевар

Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација

Предраг Петровиќ

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

ВИДЕО: Фронтменот на познатиот бенд го нападна гитаристот за време на настап

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ