Србија: Протест против невработеноста

Од:

Обедитените синдикатити „Независност“ денеска во Белград ќе ја продолжат кампањата „Доста“, поточно протестот поради лошата материјална состојба на граѓаните.

Протестот се одржува поради невработеноста и најавите за донесува на нов Закон за работа и пензиско инвалидско осигурување.

Како што е предвидено протестот треба да започне од плоштадот Никола Пашиќ, од каде што учесниците треба да се упатат во протесната прошетка до владата на Србија, каде што ќе ги предат своите барања и ставови.

Во повикот на граѓаните кои што лидерите на синдикатите ги делаа, се порачува дека Србија во транзиција ја окупираше бескрупулозното малцинство.

Претседателот на УГС „Независност“, Бранислав Чанак истакна дека синдикатот ќе инсистира на охрабрување на протесниот потенцијал кај граѓани, бидејќи алтернатива на протестите против драматичната социјално-економска состојба се пропастот и бесмисленоста.

-Вредностите кои им припаѓаат на хуманите суштества веќе не се во опција, а новите генерации не успеаа да ги запознаат тие вредности, така што животот започнува без вредности и без работа – рече Чанак предупредувајќи на загрижувачката апатија кај младите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски