САД ќе банкротираат во средината на октомври?

Од:

Владата на САД нема да биде во состојба по 17-ти октомври нормално да ги надмирува своите обврски со оглед на постоечката горна граница на јавниот долг, предупреди американскиот министер за финансии, Џејкоб Лу.

Тој, во обраќањето на Конгресот изјави дека по повеќемесечното „играње со потрошувачката, поради исполнување на владините обврски без дополнително задолжување“, овие вонредни мерки до тој датум ќе бидат исцрпени, што ќе го остави Министерството за финансии со само 30 милијарди долари, пренесе„ Франс прес“.

-Овој износ ќе биде помал од нето расходите во одредени денови, а може да достигне дури 60 милијарди долари. Доколку немаме доволно пари во раце, нема да биде можно, САД за прв пат во историјата да ги исполни своите обврски-додаде тој.

Тој го повика Претставничкиот дом да ја зголеми законската горна граница на јавниот долг, со кој во мај се одредени 16.700 милијарди долари.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак