Зеленски побарал повеќе оружје од Германија, со истото барање заминал и во Италија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска присуствува на Форумот во Чернобио во Италија, каде се очекува да ги повтори своите повици за повеќе оружје за неговата земја.

Тој треба да им се обрати на учесниците на форумот Европската куќа-Амбросети во Чернобио, еден вид мини-Давос организиран на брегот на езерото Комо. Тој пристигна таму вчера, неколку часа откако побара „повеќе оружје“ од своите сојузници, за време на состанокот на меѓународните поддржувачи на Киев во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.

Зеленски на Телеграм посочи дека планира во Чернобио да се сретне со претставници на италијански компании и со Џорџа Мелони.

Таа треба да го убеди во поддршката на Италија дури и ако еден од нејзините десничарски и крајнодесничарски коалициски партнери, Матео Салвини, жестоко се противи на каков било упад на Киев на руска територија, што украинската армија го спроведува од почетокот на август.

Состанокот меѓу Володимир Зеленски и Виктор Орбан во оваа фаза не е потврден, но унгарскиот националистички премиер рече дека „се разбира“ ќе се сретне со украинскиот претседател во Чернобио доколку се укаже можност.

„Имаме добри односи. Ако нема дијалог, нема шанси за мир“, изјави Орбан за новинарите.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски

Лавров: Зеленски нема да одлучува за преговорите