Џенета Бектовиќ избрана за нов член на Судски совет од редот на судиите припадници на заедниците

Од:

Судијката Џенета Бектовиќ е избрана за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедниците, кои се помалку од 20 проценти од населението во државата. Бектовиќ доаѓа од Основниот кривичен суд Скопје и беше единствен кандидат.

Според Комисијата за спроведување на избори на член на Судскиот совет, согласно сумираните резултати врз основа на записниците од изборните одбори, Џенета Бектовиќ добила вкупно 287 гласови.

Претседателката на Комисијата, судијката Емилија Шопар Јованова информираше дека излезеноста на денешните избори бил 87 проценти, односно од вкупно 365 запишани во судскиот изборен именик, гласале 316. Неважечки биле 29, а 49 гласачки ливчиња не биле употребени.

-Вкупниот број гласови што ги добил кандидатот е 287. Оттука произлегува дека Џенета Бектовиќ е новиот член на Судскиот совет на РСМ. Излезеноста денеска беше 87 проценти, однсоно избрана е со голема поддршка од 91 процент, изјави Шопар Јованова.

Гласањето почна во 8 часот и траеше до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.

Би можело да ве интересира

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба