Бројот на загинати се зголеми на 47, а на ранети на 206 во рускиот напад на Полтава

Од:

Бројот на загинати во Полтава од нападот на руските сили со балистички ракети се зголеми на 47, ранети се 206, објави сопругата на претседателот на Украина, Олена Зеленска на платформата Х.

„Моето најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените во рускиот ракетен напад врз Полтава. Ова е неверојатна трагедија за цела Украина“, рече Зеленска.

Според неа, руски проектили погодиле образовна институција и болница.

“Засега се знае за 47 загинати и 206 ранети. Русија ни го одзема највредното нешто – животот. Ова никогаш нема да го заборавиме”, нагласи првата дама.

Руската армија денеска ја нападна Полтава со две балистички ракети, а според последните податоци загинаа 47 лица, а повеќе од 180 се повредени.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море