Левица: ДПМНЕ ги продолжува политиките на ДУИ – Меџити го промовираше спорниот Буквар на албански јазик

Од:

Во 2022 година од страна на МОН и БРО беше одобрен Букварот на албански јазик. Станува збор за заеднички буквар на Албанија и Косово, изготвен од тимот автори: Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза ​​Бабасули, од кои двајца се од Косово, двајца од Албанија, а ниту еден од Македонија, што е и логично, бидејќи букварот е резултат на соработката меѓу министерствата за образование на Албанија и министерството за образование на Косово, велат од Левица.

„Тоа што не беше јасно тогаш – како и зошто се случил преседан да се преземе странски учебник во редовна настава која мора да биде унифицирана за сите ученици во државата, без оглед на наставниот јазик, не е одговорено ниту денес, кога спорниот учебник е веќе пуштен во употреба, како што утрово на социјалните мрежи се пофали министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој им го дистрибуирал Букварот на албански јазик на првоодделенците во ОУ „Лирија“ во општина Чаир.

Намерите на ВРЕДИ се јасни: политичка промоција и постепена операционализација на големоалбанските идеи преку сегрегација и индоктринација на децата уште од најмала возраст. Јасно е и дека власта предводена од ВМРО- ДПМНЕ дозволува да се девастираат сите институции, да се реализираат големоалбански идеи во државните училишта за државни пари, само за да се биде на власт од лукративни причини“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство