Сите зборуваат за изгледот на рацете на Анџелина Џоли: Обожавателите се особено загрижени за нејзиното здравје

Од:

Анџелина Џоли неодамна се појави на филмскиот фестивал во Венеција, а корисниците на социјалните мрежи коментираат за една работа – нејзините раце.

Таа за оваа пригода избра беж фустан со моден додаток со крзно, а нејзините раце со изразени вени дојдоа до израз.

„Што и се случи со рацете?“, „Загрижена сум за нејзиното здравје“, „Мислам дека е време да одi на лекар“, „Анџелина е убава, но нејзините раце навистина изгледаат страшно“, се дел од коментарите.

Некои од нејзините обожаватели сметаат дека ваквите коментари се непримерни и изјавиле дека тоа е едноставно знак на стареење, што е сосема нормално. Таа е мета на критики и од оние кои мислат дека е преслаба. Извор изјави за магазинот „Ин тач“ во јуни оваа година:

“Енџи е свесна дека е премногу слаба. Таа знае дека ако носи фустан кој е премногу откривачки, сите ќе зборуваат за неа. Таа практично ги провоцира луѓето да коментираат за нејзината тежина”.

Како што е познато, Анџелина го промовираше филмот „Марија“ во режија на Пабло Ларен на 81. издание на Венецискиот филмски фестивал. Таа се расплака откако публиката ѝ даде громогласен аплауз за нејзиното портретирање на легендарната Марија Калас.

Би можело да ве интересира

Вил Смит на новиот албум: Морав да го вратам Оскарот затоа што сум црнец

Предраг Петровиќ

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

(ВИДЕО) Свршеницата го разоткри Калкин: „Не знае да вози, никогаш не праел алишта…

Предраг Петровиќ

Детал кој менува сè: Што ќе се случи со богатството на Џин Хекман од 90 милиони долари

Предраг Петровиќ

Марко Бошњак ја коментираше својата сексуална ориентација: „Сакам да живеам отворено и да не се кријам“

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија