Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на првиот училишен ден во ООУ „Јан Амос Коменски“

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска по повод започнувањето на новата учебна година, присуствуваше на првиот училишен ден во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје, соопшти нејзиниот кабинет.

Претседателката Сиљановска Давкова на свеченоста ги поздравила првачињата посакувајќи им успех во потрагата по нови знаења.

– Бидете сигурни дека нема поважно нешто од знаењето, да учите да пишувате, да учите да пеете, бидејќи само тоа никој во животот не може да ви го земе, порачала претседателката Сиљановска Давкова.

Споделувајќи дел од нејзиното искуство како ученик, претседателката истакнала дека пред шеесет години како четвртоодделенец, таа била во првата генерација во ова училиште и завршила како првенка, посочувајќи дека „Јан Амос Коменски“ било едно од најдобрите училишта не само во Републиката, туку и во Југославија.

-Вреди да се учи, така велеше и чуениот педагог Јан Амос Коменски, вреди да се знае, не за да ги направите среќни вашите родители, роднини, баби и дедовци, туку за да знаете, дека со знаењето станувате секогаш потолерантни, подобри луѓе, бидејќи тој кој знае – ќе знае да се снајде и во животот, посочи претседателката во поздравното обраќање.

Првачињата на првиот училишен ден беа пречекани со пригодна приредба подготвена од учениците од петто одделение. Годинава во ООУ „Јан Амос Коменски“ се запишани 110 првачиња кои ќе посетуваат настава во четири паралелки.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова на Самит во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

А1он

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он

Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки

А1он

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски