Украина започна напад со беспилотни летала насочено кон Москва и неколку други руски региони, соопштија руските власти. Беспилотно летало кое летало кон Москва е уништено во регионот околу руската престолнина, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
❗️🇺🇦⚔️🇷🇺 – Ukrainian drones successfully struck the Konakovo Power Station, a natural gas facility located just outside Moscow, this evening.
The power station is now engulfed in heavy flames. pic.twitter.com/hv2d9lG7hk
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) September 1, 2024
Најмалку 12 беспилотни летала лансирани од Украина се уништени и над пограничниот регион Брајанск во југозападна Русија, изјави гувернерот на регионот Александар Богомаз на Телеграм.
Два беспилотни летала беа исто така соборени над Курската област, изјави на Телеграм Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на регионот, кој беше делумно окупиран од Украина по инвазијата.
Според првичните информации, нема повредени или материјална штета, соопштија надлежните.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.