Костадиновски: Колективната одговорност и распуштањата ќе не втурнат во правен лавиринт

Од:

Колективната одговорност може како лош преседан да не втурне во еден лавиринт од кој нема да можеме да излеземе долг период, потенцира Дарко Костадиновски, претседателот на Уставниот суд одговарајќи на прашањето за најавите на власта за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители.

-Секогаш без исклучок индивидуалната одговорност доколку се утврди, по било каков основ, корупција, тргување со влијание, злоупотреба на службената положба и овластување, прекршување на законите итн., во рамките на кое било тело, убеден сум дека ќе има подобар ефект за зголемување на принципите на одговорност генерално, позитивно ќе влијае на довербата и правната држава отколку колективната одговорност која може како лош преседан да не втурне во еден лавиринт од кој нема да можеме да излеземе долг период, потенцира Костадиновски.

Тој вели дека нашето законодавство во огромна мера е усогласено со европското.

Сметам дека постојат и уставни, и законски можности и механизми за справување со лошите работи и во правосудството и во било која друга област, без притоа да се отстапи од уставните рамки. И за тоа е потребна волја и одговорен пристап. Но, што сметам дека е уште позначајно од евентуална реформа која би се однесувала на нови уставни законски решенија, тоа е реформа на менталниот код, неопходна ни е реформа во менталитетот која ќе ги уважува уставната, правната, судската, политичката, институционалнатаа култура правилно, и тоа во во секоја една област, истакнува Костадиновски.

Според него, предолго гледаме уставни, законски, подзаконски реформи, а состојбата е само полоша и полоша, што упатува на овој неспорен факт, на неопходноста од реформа на менталната свест која започнува од секој поединец посебно, секоја фела посебно, секоја институција посебно, и на сите заедно.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Самка Ибраимовски за заканите кон претседателот на Уставен суд

Катерина Ѓуровски

Закани по живот за уставни судии, претседателот Костадиновски пријавил во МВР

Катерина Ѓуровски

Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд

Анита Петровска Рајковиќ