Притворени двајца дилери, полиција ги уапсила како препакуваат дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„На 28 август, двајцата осомничени, во атарот на селото Палатица, држеле наркотична дрога марихуана. Во импровизирана колиба полициските службеници ги откриле додека ја препакувале дрогата за натамошна продажба. Биле пронајдени и одземени околу 78 грама марихуана во повеќе помали пакувања.

При приведувањето, едниот од осомничените оттурнал и удрил полициски службеник, нанесувајќи му телесна повреда, но набрзо бил совладан. Против него е поведена постапка и за – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Судот го прифати предлогот и на двајцата им определи притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски