Во СВР Скопје С.А.(43) од Скопје пријавила дека на крстосница на бул.„Кочо Рацин“ со бул.„Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале таа, управувајќи електричен тротинет, и велосипед управуван од лице кое го напуштило местото на настанот.
С.А. се здобила со тешки повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.