ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бранител на титулата на Отвореното првенство на САД, влезе во третото коло на турнирот откако неговиот противник Ласло Ѓере го предаде мечот при резултат 6:4, 6:4, 2:0.

Вториот и 109-тиот тенисер во светот играа два часа и 12 минути. Ѓере се откажа на почетокот на третиот сет, а претходно побара медицински тајмаут за да добие масажа поради болки во грбот. Во моментите кога се повреди, тој имаше предност од 4:2 и две брејк топки…

За Новак ова беше 90-та победа на Отвореното првенство на САД, а за разлика од минатата година, мечот не беше тесен. И Ѓоковиќ по првиот сет се пожали на болка во стомачните мускули, но на крајот сè беше во ред. Инаку, со оваа победа стана единствениот човек во историјата кој има 90+ победи на сите четири најголеми турнири.

„Ова не е она што публиката го сака, но Ласло има проблем со повредата подолго време и тоа беше проблем. Не беше нималку лесно, тој го заслужи вториот сет, сервирав очајно и потоа морав да трчам и премногу зависев од играта од основната линија“, изјави Ѓоковиќ.

Во следното коло, ривал на Ѓоковиќ ќе биде Алексеj Попирин. Австралиецот беше подобар од Педро Мартинес од Шпанија со резултат 3:0 во сетови.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ се откажа од Париз, веројатно нема да игра и на завршниот турнир

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен