Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека најголемиот проблем за Киев во војната со Русија е тоа што поради страв од ескалација, сојузниците се плашат да усвојат нова политика за поддршка на Украина.
Последната изјава на Кулеба дојде еден ден откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Западот „си игра со оган“ размислувајќи да му дозволи на Киев да удри длабоко во руска територија, предупредувајќи на опасност од Трета светска војна, објави Ројтерс.
„Од самиот почеток на големата инвазија, најголемиот проблем на Украина е справувањето со доминацијата на концептот на ескалација при донесување одлуки меѓу нашите партнери“, истакна Кулеба.