Киев нема да го продолжи договорот со Гаспром

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека украинската страна нема да го продолжи договорот со Гаспром за транзит на руски гас во Европа. Договорот истекува на крајот на 2024 година. Според Зеленски, по истекот на договорот, Украина се надева дека ќе донесе заедничка одлука со ЕУ за транзит.

„Никој нема да го продолжи договорот со Русија, ставен e крај. Што се однесува до транзитот на гас од други компании, доколку има барање од некои наши европски колеги, ќе го разгледаме нивното барање со ЕУ“, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев, пренесува порталот Бизнис.

Договорот за транспорт на гас меѓу Гаспром и Нафтогас важи од 2019 година. Според условите, Гаспром се обврзува да транспортира гас преку Украина во количина од 225 милијарди кубни метри, 65 милијарди кубни метри во 2020 година и по 40 милијарди кубни метри во следните четири години.

Единствениот транзитен пат за испорака на гас до земјите од централна Европа, по несреќата на гасоводите Северен тек 1 и 2 и прекинот на гасоводот Јамал-Европа, остана преку гасоводот Суја. Борбите меѓу руските и украинските војници се во тек во областа од 6 август, но испораките се во тек – со брзина од 42,4 милиони кубни метри дневно.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски