Против Трамп е покренато ново обвинение

Од:

Американските обвинители поднесоа нови обвиненија против поранешниот претседател Доналд Трамп поради неговите наводни обиди да се меша во изборите во 2020 година, откако загуби од Џо Бајден. Всушност, станува збор за ревидирано обвинение кое претходно беше отфрлено, односно одговор на минатомесечната одлука на Врховниот суд на САД, според која претседателите се заштитени со имунитет и не можат да бидат кривично гонети додека се на функција.

Ревидираното обвинение ги содржи истите четири кривични точки против Трамп, но тие сега се однесуваат на неговиот статус како политички кандидат, а не на претседател. Трамп ги отфрли обвинувањата за мешање во изборите, иако остана на своето тврдење дека имало фалсификат на изборите во 2020 година, пишува Би-би-си.

Според новиот, или ревидираниот обвинителен акт, поднесен од специјалниот обвинител на Министерството за правда, Џек Смит, Трамп се товари за заговор против САД, заговор за попречување на службената постапка, обид за попречување на службената постапка и заговор за кршење на закон. Трамп на својата социјална мрежа Truth Social рече дека новото обвинение е рестартирање на неуспешниот лов на вештерки.

Во новиот документ, кој беше намален од 45 на 36 страници, обвинителите ги променија условите на обвинението за да се усогласат со одлуката на Врховниот суд за претседателскиот имунитет. Во обвинението се наведува дека Трамп се однесувал како граѓанин, а не како претседател, кога се обидел да влијае на изборите.

Би можело да ве интересира

Фановите на Трамп се подготвени: Нема да дозволиме да ги украдат изборите

ВИДЕО: Харис објави предизборен спот, Трамп вели „глупав е“

ВИДЕО: За два дена се најважните избори во светот, анкетите покажуваат мртва трка

Катерина Ѓуровски

Орбан: Ако победи Трамп, Европа не може сама да го поднесе товарот на војната во Украина

Пресврт во последен момент: Харис води во државата упориште на Трамп

(ВИДЕО) Фото финиш во трката за Белата куќа: Харис во скеч, Трамп вели дека е „татко на вештачкото оплодување“