ВИДЕО: Американец си го убил целото семејство зошто мислел дека е изоставен од тестаментот на мајка му

Од:

Човек кој верувал дека е изоставен од тестаментот на мајка си и не сакал да се исели од куќата во која живееле, убил четири члена од своето семејство пред да си го одземе животот, соопшти американската полиција.

Џозеф Делусија Џуниор ги убил своите три браќа и сестри – Џоан Кернс, Френк Делусија и Тина Хамонд и нејзината ќерка Викторија Хамонд – за време на семејниот собир во домот на неговата мајка во Лонг Ајленд, која починала три дена претходно на 95-годишна возраст.

Наместо да се разговара за планираната продажба на куќата во која Де Луција Џуниор го живеел целиот свој живот, испукал 12 куршуми од сачмарка, при што ги убил сите присутни.

Потоа излегол во дворот викајќи за тоа што штотуку го направил, пред да го впери пиштолот кон себе, рече капетанот на полицијата, додавајќи дека Делусија верувал дека е исфрлен од тестаментоти дека ќе биде бездомник.

Неговите две сестри и брат биле на 60-годишна возраст, додека неговата внука на 30, соопшти полицијата. Телата на четворица се пронајдени во куќата, додека Де Лусија Џуниор е пронајден надвор, пренесува News12. Сите биле прогласени за мртви на местото на настанот.

Членовите на семејството се обиделе да го убедат дека ќе биде згрижен по смртта на мајка му, но дека ќе мора да се исели од нејзиниот дом.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа