Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, на крајот на петдневната посета на Тирана оцени дека правосудството и почитувањето на законите во Албанија се спроведени со долгогодишни структурни проблеми, кои водат до речиси нулта ниво на доверба кај јавноста, јави БТА.
Комесарот истакна дека новата Влада е исправена пред историскиот предизвик и можност да внесе неопходни промени за зајакнување на владеењето на правото и заштитата на човековите права.
Муижниекс истакна дека се предвидени важни реформи во судскиот систем, кои имаат за цел да се зголеми ефикасноста на судовите и независноста и непристрасноста на судиите, но некои од тие реформи треба да бидат спроведени со нови закони, кои ја регулираат работата на Уставниот и Врховниот суд и на Вишиот судски совет.
Комесарот ги поттикна албанските власти да побараат експертска помош од Советот на Европа за подготовката на законите.