А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Опожарена плевна во Доброште, штетата околу 10.000 евра

by А1он26/09/2013 - 19:23104
Share0

Околу 10 илјади евра штета претрпел И.Ф.(40) од Доброште, општина Теарце, по пожарот што денеска околу 11 часот избувнал во неговата плевна, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Според неговите информации, плевната имала и приземје и кат при што од пожарот целосно изгорела дрвената конструкција и покривот на плевната, како и 300 бали детелина, 180 бали слама, 10 кубни метри буково огревно дрво, една мелница за пченка и неколку алатки.

– Во гасењето на пожарот учествувале тетовските пожарникари и месните жители кои го локализирале и изгаснале пожарот со што спречиле негово натамошно ширење и загрозување на блиските објекти, рече Јосифовски.

На самото место увид извршила екипа на полицијата при што вкупната материјална штета се проценува на околу 600 илјади денари. Се уште се работи на откривање на точните причини и сите детали околу овој пожар.

Напомнувајќи дека во изминатите два месеца во полошкиот регион биле забележани неколку пожари во плевни, Јосифовски апелираше до сопствениците на ваквите објекти да посветат особено внимание на електричната инсталација и да не користат електрични апарати или да влегуваат со запалки и опушоци во плевните доколку во нив имаат сточна храна, пченка или слама.

pozar

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен