Иранскиот претседател Хасан Рохани го повика Израел да се присоедини кон Договорот за нераспространување нуклеарно оружје.
Израел е единствената држава од Блискиот исток која не го потпишала тој Договор од 1979 година.
Рохани вели дека тоа штети на напорите за создавње безнуклеарна зона во регионот.
– Ниту една држава не треба да има нуклеарно оружје, нагласи Рохани.
Изјавата му беше дадена на средба за нуклеарното разоружување во кулоарите на годишното Генерално собрание на ОН. Тој беше првиот претседател кој имаше говор на тој настан.