Белингем го повреди мускулот на десната нога

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид Џуд Белингем го повреди мускулот на десната нога, соопшти неговиот клуб.

Реал не соопшти колку долго англискиот репрезентативец ќе отсуствува од терените, а шпанските медиуми објавија дека тој би можел да паузира и до еден месец.

„Доби удар и е под опсервација“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Реал во недела ќе го пречека Ваљадолид во второто коло од Примера, откако на стартот од првенството ремизираше против Мајорка 1:1.

Би можело да ве интересира

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донираше 1 милион евра за помош на настраданите од поплавите

А1он

Фудбалерите на Реал го шокираа фудбалскиот свет – никој нема да оди на доделување на „Златната топка“

А1он

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

(ВИДЕО) Срам за Реал Мадрид на Ел Класико: Барселона им го сервираше едно од најголемите понижувања во историјата

А1он

Мајорка го запре Реал Мадрид на стартот од новата сезона во Ла Лига