(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград

Од:

Специјалците извршија рација во затворската колонија ИК-19 во близина на Волгоград, каде исламистите претходно убија тројца чувари и зедоа уште неколку заложници. Наскоро на социјалните мрежи беа споделени првите снимки создадени по акцијата на руските специјалци.

Руската гарда, објави дека снајперистите ги „неутрализирале“ четворицата напаѓачи веднаш на почетокот на операцијата, по што специјалните единици влегле во затворската колонија.

Акцијата траеше половина час.

Еден исламист наводно сакал да се разнесе со импровизиран експлозивен елек, но направата не експлодирала.

Затворениците од колонијата број 19 во Суровикин во регионот на Волгоград, според неофицијални информации, убиле тројца затворски чувари околу 12 часот по локално време додека држеле неколку вработени како заложници.

Непосредно пред упадот на специјалците, терористите објавија видео и изјавија дека сакаат да им се одмаздат на другите исламисти – вклучувајќи ги и напаѓачите на концертната сала „Крокус“ ​​во Москва!

– Сето ова го правиме заради Алах, заради воспоставување на шеријатот, заради браќата муслимани кои седат во Сирија… Сакаме да им се одмаздиме на браќата за се што им направија после Крокус. Ова е одмазда за сите браќа муслимани – порачаа исламистите.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје