Левица: Со поддршката на Гаши, Мицкоски го поттикнува неговото дивеење

Од:

Најавата за еднаквост пред законите од партиите на власт е претворена во фарса пред варварското поведение од претседателот на Собранието, Африм Гаши. Најавата на Мицкоски дека ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата е само поддршка за газењето на Уставот, кршењето на законите и злоупотребите на деловникот од страна на собранискиот спикер, кому сето ова му „успеа“ за пократко од 100 дена, велат од Левица.

„Збеснатиот Гаши смогна сили и непосредно по поднесувањето на интерпелацијата да направи нов скандал, одејки со службено возило и собраниско обезбедување на свадба во друга држава – дејствие проследено со блокирање на границата и овозможување нелегален нејзин премин од други возила; скандал, не помал од оној кога неговото обезбедување вадеше пиштол на полициски службеник.

Децидни сме дека Африм Гаши нема ниту углед, ниту интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и заради тоа бараме поддршка за интерпелацијата во седум точки: Повреда на секуларноста на државата; Повреда на дипломатските правила за обезбедување на ВИП – личности; Повреда на употребата на македонскиот јазик; Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии; Повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите; Повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам и повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците.

Сметаме дека доволно е срушен угледот на државата за да се толерира овој варваризам! Повторуваме и потсетуваме дека стоиме на располагање и даваме бланко – поддршка на пратениците од ДПМНЕ за смена на Претседателот на Собранието и избор на нов собраниски спикер од нивната пратеничка група. Левица уште еднаш ги повикува пратениците на ДПМНЕ да престанат да ги штитат антидржавните и косовски елементи во сопствената коалиција и Влада, кои непрекинато ги ништат угледот и достоинството на државата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина