Сончево со северен ветер

Од:

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 19, а максималните ќе достигнат од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштат до 17, а максималните ќе достигнат до 34 степени.

В петок и сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи.

Би можело да ве интересира

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, со умерена локална облачност

Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Денеска сончево и потопло време, температури до 23 степени

Горан Наумовски