Претседателот Владимир Путин стана почесен граѓанин на руската сојузна држава Чеченија, јави вечерва Интерфакс.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и чеченскиот муфтија Салах Межиев на Путин му врачија повелба и признание за почесно државјанство.
Путин му се заблагодари на муфтијата на чеченски јазик за, како што е наведено, работата што ја работи.