Во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 12.45 часот во местото Петка кај Лазаревац, загинаа две деца, како и уште еден возрасен, додека лекарите се борат за животот на таткото на повредените деца.
Како што дознава српски Курир, воз кој сообраќал на релација Пријеполе – Белград удрил во автомобил во кој биле татко и две деца, како и уште еден возрасен.
Загина возачот на автомобилот, момче (12) и девојче (14), додека нивниот татко М.Д.(38) е тешко повреден.
Поради тешка сообраќајна несреќа, железничкиот сообраќај во моментов е во прекин на оваа делница, а на лице место е и обвинителот на Основното јавно обвинителство Лазаревац.