Седуммина повредени во сообраќајка во близина на Тетово

Од:

МВР извести дека вчера во 16.06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино – с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „форд ка“ управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и возило „опел“ управувано од В.А.(30) од с.Теарце.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште пет негови сопатнички од с.Теарце, од кои две малолетни, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од увидна екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија