Почина Ален Делон

Од:

Францускиот актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст, а веста ја потврдија неговите деца за новинската агенција „Франс прес“.

Наследниците на Делон напишаа заедничко соопштение до медиумите.

„Тој почина мирно во својот дом во Души, опкружен со неговите деца и неговото семејство“, се вели во соопштението, во кое се додава дека семејството бара приватност во овие тешки моменти.

Неговата здравствена состојба беше лоша во последните неколку години, особено откако преживеа мозочен удар во 2019 година.

Делон е роден на 8 ноември 1935 година. Во својата долга кариера, тој се покажа како исклучителен театарски и филмски актер, режисер и сценарист и заслужено го доби епитетот „икона на француската и светската кинематографија“.

Појавувајќи се на филм во 1957 година, тој веднаш стана еден од најатрактивните и најамбициозните млади француски актери. Делон ја одигра својата прва забележителна улога во криминалниот филм „Во зенитот на сонцето“ („Purple Noon“), а светската слава ја стекна во 1960 година со улогата во филмот „Роко и неговите браќа“ („Rocco and His Brothers“).

Меѓу најважните филмови во кои глумел во текот на кариерата се „Самурај“ („Le Samouraï“), „Борсалино“ („Borsalino“), „Гепард“ („The Leopard“), „Сицилијански клан“ („The Sicilian Clan“) итн.

Би можело да ве интересира

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Почина писателката Оливера Николова

Почина Квинси Џонс

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски