Хрватска: Тројца државјани на Украина го предизвикале големиот пожар во Медулин

Од:

Хрватската полиција интензивно трага по тројца украински државјани на возраст од 28 и 25 години, кои се сомничат дека се одговорни за пожарот во пристаништето Медулин кон средината на мај, кога целосно изгореа 22 пловни објекти, а 12 беа оштетени, при што беше причинета штета во износ од околу два милиони евра.

Тие се товарат за кривично дело загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство, а против нив е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, но тие повеќе не се на територијата на Хрватска.

Наводно, еден од осомничениот фрлил шише со запалива течност кон пловило и предизвикал пожар кој се проширил на блиските 34 пловни објекти во пристаништето, од кои 22 целосно изгореле, а другите делумно се оштетени од пожар.

Би можело да ве интересира

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени