Македонија 38 дена по ред е во борба со огновите, речиси 400 пожари изгаснати во август

Од:

Борбата со пожарите на отворен простор продолжува. Пожарникарите веќе 38 ден се без одмор и според информациите на Центарот за управување со кризи, последен ден без ниту еден активен пожар на територијата на државата е 8 јули. Само во август биле изгаснати 370 пожари на отворен простор низ целата држава.

Вчера во попладневните часови започнаа четири нови шумски пожари. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен и Охрид на Галичица, на планината Лубин кај селото Цер, во месноста викана Клепало, Беровско и во месноста викано Чупино Брдо кај кривопаланечкото село Луке.

Од вчера во справувањето со пожарите повторно е вклучена и Армијата, додека на двапати беше активиран и ЕУ-механизмот за помош. Пожарникари, авиони, ер-трактори и опрема испратија Германија, Унгарија, Кипар, Словенија и Србија.

На последната седница на Владата, донесена е одлука за парична помош, „односно за вонреден трансфер на средства потребни за гаснење на пожарите до ЦУК околу 10,5 милиони денари и до Дирекцијата за заштита и спасување 41 милион денари.

Од 15 јули годинава на сила е целосна забрана за движење во шумите од 06 до 20 часот. Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, забраната ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален.

Оттаму велат дека по барање на „Национални шуми“ е дадена согласност за целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он