Саботажата на Северен тек одобрена од највисокото украинско раководство, вклучително и Зеленски

Од:

Саботажата на рускиот гасовод „Северен тек 2022“ во Балтичкото Море беше одобрена од највисоко ниво во Киев, вклучувајќи го на прво место претседателот Володимир Зеленски, објави денеска „Волстрит журнал“.

Според американскиот весник, кој се базира на украински воени извори, експлозивниот напад во морето бил извршен под надзор на тогашниот врховен командант на украинската армија Валери Залужни и покрај тоа што Зеленски во меѓувреме се премислил и побарал да се прекине планот.

Извештајот беше објавен еден ден по резултатите од германската истрага за инцидентот, која укажа на Украина, и откако неодамна беше издаден налог за апсење на професионален нуркач од таа земја.

Идејата за саботажа се појави во мај 2022 година на состанок на високи офицери и шефови на украински компании, три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, според Волстрит Журнал.

Според весникот, шест лица биле директно вклучени во таа операција, која чинела речиси 300.000 американски долари, која целосно била финансирана од приватни пари.

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски првично го одобрил планот, според еден функционер кој бил присутен на тој состанок и три лица кои знаеле за тоа“, објави WSJ.

„Но, подоцна, кога ЦИА дозна за тоа и побара да го спречи, тој нареди да се запре“, додава весникот.

Сепак, Валери Залужни ја игнорираше таа наредба и неговиот тим го промени првичниот план, според медиумот.

Залужни, кој оттогаш стана украински амбасадор во Лондон, во писмен одговор до Волстрит Журнал рече дека не знае ништо за таква операција и ги нарече сите тврдења „провокации“.

По саботажата на Северен тек во септември 2022 година, Зеленски побарал објаснување од Залужни, според весникот, кој цитира три лица запознаени со ова прашање.

Тој одговорил дека е доцна, тврдејќи дека повеќе не може да комуницира со саботерите бидејќи секој контакт може да ја загрози операцијата.

„На (Зеленски) му беше кажано дека тоа е како торпедо, штом ќе го лансирате на непријателот, не можете да го вратите назад, продолжува додека не стане „бум““, опишал висок офицер запознаен со разговорот.

Германските медиуми се многу повнимателни кога станува збор за вмешаноста на украинските власти и имаат тенденција да не го обвинуваат барем Зеленски. Неделникот Der Spiegel, пак, ја споменува евентуалната вмешаност на Валери Залужни.

Германските медиуми вчера објавија дека властите го идентификувале главниот осомничен во случајот со диверзија и по него распишале потерница. Како што напишаа, главниот државен обвинител во Карлсруе распишал налог по Украинецот Володимир З., специјален нуркач, за кој постои сомневање дека извршил диверзија на гасоводот со уште двајца украински државјани во септември 2022 година.

Би можело да ве интересира

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници