Алексеј Володин ја отвора новата сезона на Македонската филхармонија

Од:

Со концерт на рускиот пијанист Алексеј Володин вечер почнува новата сезона на Македонската филхармонија.

Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет, до надминувaње на проблемот со прокиснувањето на покривот на Домот на АРМ каде што досега работеше оркестарот. Пробите и концертите, како што соопшти Филхармонијата, ќе се одржуваат во салонот на МОБ, до решавање на проблемот во Домот на АРМ.

Концертот на Володин претставува уникатна можност да се види еден од најквалитетните пијанисти на денешницата, кој во Скопје доаѓа по неговите настапи со некои од најпрестижните светски оркестри, како што се оркестарот „Марински“, Симфонискиот оркестар на Би-Би-Си, Филхармонијата во Ротердам, Кралската филхармонија во Лондон и многу други, а неговото уметничко мајсторство критиката го оценува како „виртуоз со беспрекорна техника и елегантен пијанизам“, додека пак честопати се нагласува неговата „експресивност и аналитички пристап“ кон делата кои ги изведува.

Заедно со Македонската филхармонија, а под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар, Володин ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар од Александар Скрјабин, додека пак оркестарот со изведбата на „Посветување на пролетта“ од Игор Стравински ќе одбележи 100 години од создавањето на ова капитално музичко дело.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска