ВМРО-ДПМНЕ: Нема никаква врска избор на комисија за соодветна и правична застапеност со балансерот

Од:

Коалицијата СДС и Левица покажуваат елементарно непознавање на законите и процедурите. Каква врска има изборот на Комисија на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните со примена на балансерот? Апелираме да престанат да манипулираат и лажат дека ВМРО ДПМНЕ наводно се откажала од бришење на балансерот кој се покажа како алатка за манипулација на партиите кои раководат со процесот. СДС е партијата која делува како привезок на ДУИ и ниту едно соопштение не може да го покрие срамот од измеќарлукот на СДС кон ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Воедно темата балансер е добра прилика да се види соработката која ја имаат СДС и Левица во ширењето на лагите против Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Наспроти овие лаги дека постои таен договор помеѓу ДУИ и СДС, одговорот е дека балансерот ќе се укине и тоа ветување ВМРО ДПМНЕ ќе го оствари.

И воедно оваа влада ќе се грижи за напредокот и положбата на сите заедници. Е сега вистинското лицемерие на СДС се гледа во одговорите на следниве прашања: Од кога тоа СДС е против балансерот, или сега само по потреба се против? Што правеа 7 години претходно кога балансерот го злоупотребуваа за вработување на кадри на ДУИ во Берово и Делчево? Зошто тогаш СДС не се бунеше? Зошто на СДС му сметаат заложбите за откривање на злоупотребите на балансерот“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски