Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

Од:

Руското надзорно тело за безбедност на земјоделството (Роселкознадзор) соопшти дека Русија испратила 447 кози во Северна Кореја. Козите се само дел од животни што Русија планира да и ги достави на Северна Кореја.

Подарокот од Москва уследи по неодамнешната средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Козите се од Ленинградската област, а доставени се во севернокорејскиот град Расон.

– Козите ќе обезбедат млечни производи за локалните деца, со што треба да се намали недостигот на храна во Северна Кореја, кој во голема мера е предизвикан од владините политики.

Ситуацијата со недостигот на храна дополнително се влоши за време на пандемијата со Ковид-19, наведе бриселскиот портал „Политико“.

Според „Хјуман рајтс воч“ (Human rights watch), 10,7 милиони од 25,9 милиони луѓе во Северна Кореја се ненахранети, а 18 отсто од децата имаат застој во растот поради хронична ненахранетост.

Северна Кореја отворено ја поддржува руската инвазија врз Украина и е обвинета за снабдување со оружје што им помага на руските сили на бојното поле. И Москва и Пјонгјанг негираат дека Пјонгјанг испраќа оружје и муниција за руските сили.

За време на неодамнешната посета на Путин во Северна Кореја, двајцата лидери потпишаа договор со кој се обврзаа на „заемна помош во случај некој да ги нападне“.

Тоа е дел од сеопфатниот договор, што опфаќа од образование до земјоделство и туризам.

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Закани од Кремљ: Нашето моќно оружје е подготвено

Горан Наумовски

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне