ВИДЕО: 18-годишник во Турција избоде петмина во џамија, го снимал нападот

Од:

Напаѓач во Турција избодел пет лица кои седеле во градината на џамија во градот Ескишехир. За време на нападот носел кацига, маска и панцир. Две жртви се во критична состојба. Турската полиција уапси 18-годишен маж, јави денеска државната новинска агенција Анадолу, повикувајќи се на Ројтерс.

Турските медиуми објавија видео, наводно, направено од самиот напаѓач додека брза низ областа каде што се наоѓа џамијата. На видеото се гледа како луѓето бегаат додека тој им се приближува. Анадолу наведува дека младиот човек нападнал група луѓе под влијание на видео игри, но не наведе извор за тврдењето.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека полицијата го уапсила осомничениот по, како што рече, случаен напад. Властите започнаа истрага за инцидентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски