Најмалку 23 лица загинаа во бомбашки напади низ Багдад

Од:

Најмалку 23 лица загинаа денеска, а голем број други се повредени во бомбашки напади на пазари во Багдад, соопшти локалната полиција.

Најсмртоносниот напад е извршен во квартот Сабаа ал Бур, каде загинаа најмалку 15 лица. Во квартот Дура во експлозија на бомба загинаа осум луѓе.

Околностите за нападите се уште се разјаснуваат. Областите околу експлозиите се блокирани од силите за безбедност.

Изминатите неколку месеци Ирак се соочува со сериозна политичка криза и зголемен бран насилства. Од почетокот на годината во бомбашки напади се убиени над 6.000 лица.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак