Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко нареди да се зајакне групацијата на воените сили на границата со Украина, објави денеска белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин на својот канал Телеграм.
„Имајќи ја предвид ситуацијата што се развива во Украина, како и во регионот Курск во Русија, врховниот командант на белоруските вооружени сили даде инструкции за зајакнување на групацијата на воените сили во тактичките насоки Гомел и Мозир со цел да се одговори на сите можни провокации“, објави Хренин пренесува РИА Новости.
Министерот објасни дека белоруската воздушна одбрана идентификувала непријателски објекти како беспилотни летала и потврди дека во 19.04 часот по московско време биле уништени неколку беспилотни летала во белорускиот воздушен простор.