Пред почетокот на Олимпијадата реков дека ова е еден од најдобрите турнири на сите времиња. Многу сме среќни што учествувавме на овој турнир и среќен сум за победата и бронзениот медал, изјави српскиот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ.
Во битката за бронза Србија ја совлада Германија со 93:83.
“Од почеток до крај ја контролиравме играта, игравме одлично. Игравме како против Америка. Планот беше да ги запреме Шридер и Франц Вагнер. Одлично се снајдовме, важно ни беше да внесеме самодоверба во одбраната. Мислам дека двете екипи заслужија финале на Олимписките игри“ изјави Пешиќ на прес-конференцијата.