Атлетичарот од Етиопија Тамират Тола денеска го освои златниот медал во маратон на Олимписките игри во Париз.
Тола трката долга 42.195 километри ја заврши по два часа, шест минути и 26 секунди, што е нов олимписки рекорд.
Сребрениот медал го освои Белгиецот Абди Башир кој заостана 21 секунда зад победникот.
Трет беше Кениецот Бенсон Кипруто со 34 секунди заостанување зад Тола.