Концерт на Камерниот оркестар на МОБ за Детската клиника

Од:

Камерниот оркестар на Македонската опера и балет в сабота ќе одржи хуманитарен концерт, а собраните средства ќе бидат донирани во Фондот на Клиниката за детски болести во Скопје.

На програмата се дела од Моцарт, Бетовен, Рутер и Имери. Спонзор на настанот е Амбасадата на Австрија во Република Македонија.

– Ќе бидат изведени дела од Волфганг Амадеус Моцарт, од Џон Рутер Античка свита, а солист на флејта ќе биде Сашо Темков, обработено Пајдушко во интересен стил од Дамир Имери. Првпат пред македонската публика ќе биде изведен квартетот Опус 131 од Лудвиг Ван Бетовен, само со додаден инструмент контрабас, информира денеска на прес-конференција од уметничкиот раководител на Македонскиот камерен оркестар Оливер Арсовски.

Австрискиот амбасадор Михаил Бајер истакна дека Македонскиот камерен оркестар и диригентот Саша Николовски Ѓумар ќе изведат едно од најкомплицираните дела во кое еден дел е ориентиран кон иднината.

– Во текот на историјата повеќе композитори се обиделе да направат свои аранжмани на овој гудачки квартет, но се зависело од нивното видување на делото затоа што не е едноставно да се направи ваков гудачки квартет. Гудачкиот квартет е многу интересен бидејќи гледа многу далеку во иднината, рече Бајер.

Катица Пиперкова од Клиниката за детски болести се заблагодари за, како што рече, се што направија за подобар квалитет и подигање на нивото на здравствената заштита.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска