Спасувачката служба, противпожарната бригада и полицијата дежураат пред основно училиште во Герлиц, Саксонија, откако 26 лица денеска завршија во болница.
Имено, 24 ученици и двајца професори биле пренесени во болница бидејќи се пожалиле на мачнина и главоболка.
Итните служби на терен излегоа околу 11 часот бидејќи постојано дежураат пред основното училиште.
Прогласен е инцидент со „масовни жртви“, изјави за Билд портпаролката на полицијата.
Основното училиште веднаш било евакуирано, на повредените им била укажана лекарска помош, а потоа и сите останати ученици биле прегледани и превентивно хоспитализирани.
Како што соопшти германската полиција, се уште е нејасна причината за лошата здравствена состојба на учениците и професорите.