Левица: Незадоволството кај лозарите е големо

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави откупните цени на винското грозје. Двете најзастапени сорти кај нас, Смедеревка и Вранец, како и годините претходно се со потценувачки ниски цени за лозарите. Откупната цена на Смедеревката е 18,3 денари, а на Вранецот е 20,8 денари со вклучена 25% маржа за лозарите, велат од Левица.

„Иако премиерот Мицкоски и министерот Трипуновски летнаа во небо со кампања на сите провладини медиуми дека постигнале највисока откупна цена на винското грозје до сега, реалноста е сосема поинаква, а тоа е дека незадоволството кај лозарите е големо!

Соочени со екстремното жешкото време, недостаток на вода за наводнување на плантажите, недостигот на работна рака за берба на грозје, со овие цени на откуп и оваа година во позитива на крај ќе бидат само винариите и нивните сопственици олигарси. Да не заборавиме дека постоечкиот закон им дозволува на олигарсите да го исплаќаат откупеното грозје дури до април следната година и тоа без никаква финансиска гаранција за исплата.

Левица, како партија на работниот народ, останува на ставот дека законите во државата и досегашните власти им служат само на олигарсите и крупните феудалци во земјоделството. За просперитетно лозарство и задоволни лозари потребна е национализација на најголемите винарски визби, при што лозарите ќе имаат партнерски однос со винариите и ќе учествуваат во поделбата на профитот од продажбата на вината, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица ќе поднесе два закони против неправдите во јавното здравство и дискриминацијата на бремените работнички

Левица: Минимална плата за голо преживување – Македонија заглавена на дното

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски