(ВИДЕО) Пратениците на Левица поднесоа интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Гаши

Од:

Пратеничката група на Левица денеска во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

Заснована е на седум точки, образложени на десет страници, Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор, односно на почетокот на септември, на првата наредна седница по истекот на 10 работни дена.

Првите две точки се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.

Во однос на групната молитва Апасиев рече дека е „нешто без преседан во историјата на македонското Собрание“, повреден е членот 19 и амандманот 7 на Уставот на Република Македонија, повредена е судската пракса на Уставниот суд и посебниот закон за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.

-Втората основа по којашто ја поднесуваме интерпелацијата е повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече Апасиев.

Основи на барањето Гаши да се отповика од функцијата, според Левица, се и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, како што рече Апасиев, „свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци“, потоа повреда на правилата за употреба на државните инсигнии со тоа што во пленарната сала, спротивно на законот „нелегално стојат уште две други знамиња т.е. знамето на НАТО и знамето на ЕУ каде што ние се уште не сме членки“.

Повредено е, рече, и начелото на инкомпатибилност на функциите, односно го повикуваат на политичка одговорност Гаши затоа што не констатирал престанок на мандатот на новоизбраниот пратеник Талат Џафери „кој илегално ги извршуваше функциите премиер и пратеник“.

-Шестиот основ е повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам. Сметаме дека со тоа што сопругата на Гаши патуваше со него во Вашингтон повреден е Законот за спречување на корупција и е направена тешка дисциплинска повреда на етичкиот кодекс за пратениците… и последниот основ е повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците поради тоа што не се почитуваат императивните рокови за закажување седници, поради тоа што продолжува лошата пракса на шверцување закони по скратена постапка и поради тоа што не се обезбедени низа деловнички гаранции за нормално функционирање на пратениците, соопшти Апасиев.

Лидерот на Левица рече дека очекува пратениците да ја изгласаат нивната интерпелација за работата на Гаши со тоа што би го повикале на политичка одговорност.

-Уште еднаш го кажуваме нашиот јавен повик до ДПМНЕ дека стоиме на располагање за избор на нов човек од нивната пратеничка група, бланко поддршка, само за да се смени спикерот Гаши којшто воведува непринципиелни политики во Собранието, рече Апасиев.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство