ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Владата на Мицкоски има кривична пријава за инцидентот на обезбедувањето на Гаши, во време на Заев, Филипче и Ковачевски тоа се ставало под тепих

Од:

Во време на Владата на Мицкоски има кривична пријава за инцидентот на обезбедувањето на Гаши, во време на Заев, Филипче и Ковачевски тоа се ставало под тепих. Има разлика. Од жешките плажи на монденските места низ светот очигледно интернетот не допира најдобро и пишувачите на плитки соопштенија во СДС не можат да добијат соодветни насоки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека СДС тотално погрешно интерпретира или сака да интерпретира изјава на претседателот на Владата Мицкоски повторно поради фактот што не успеваат никако да ги сфатат причините зошто изгубија катастрофално на минатите избори. Токму поради ова ваше потценувачко однесување кон јавноста и граѓаните, вие мислите дека ако кажете лага секој ќе ви верува макар и кога јасно се слуша што кажува Мицкоски на прес конференцијата. Да бевте нормални ќе ви речевме засрамете се, но кај вас срамот е апстрактна категорија и не разбирате што тоа чувство всушност значи. Соопштенијата на СДС се толку нелогични што на моменти имаме чувство дека од таму нема човек кој пишува или дава насоки, туку одговара некоја првична неразвиена верзија на chat GPT која беше позната по тоа што пишуваше неповрзани, необмислени и нереални работи. А вработените и раководството се на колективен одмор на неопределено време. Или некој пак им зема пари за да им води PR за глупости“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ