Петмина повредени во тешка сообраќајка на локалниот пат Тетово – Скопје

Од:

Денеска во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Тетово – Скопје, од с.Дворце кон с.Радуша, општина Сарај, возило „БМВ“ управувано од А.З.(20) од село Сарај, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ш.С.(19) од село Радуша и С.А.(34) од село Сарај, а со телесни повреди се здобиле возачот А.З. и уште двајца сопатници Б.М.(18) и еден малолетник, двајцата од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село