Приштинската полиција изврши рација во филијалите на Поштата Србија на северот на Косово

Од:

Косовската полиција денеска изврши рација во филијалите на Поштата Србија во четири општини на северот на Косово.

Заменик командантот на на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани изјави дека од регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации добило информација дека има економски оператори кои работат без лиценца.

Елшани рече дека полицијата го известила обвинителот и дека постапуваат според неговите овластувања.

Во мај, косовската полиција изврши рација и ги затвори филијалите на Поштанска Штедилница на северот на Косово, што по забраната за употреба на динари дополнително ја влоши положбата на Србите во покраината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски