Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри во Париз победувајќи го Лоренцо Музети од Италија со 2:0 во сетови.
Во третиот гем од првиот сет Италијанецот стигна до брејк топка која не ја искористи, а во четвртиот Ѓоковиќ имаше четири кои исто така не ги искористи, па Музети го израмни резултатот, беше 2:2.
Немаше брејк до десеттиот гем кога Ѓоковиќ ја искористи првата брејк топка откако врза пет последователни поени и поведе со 1:0 во сетови.
Музети со брејк го отвори вториот сет, но Ѓоковиќ се врати веќе во следниот гем и израмни на 1:1. После тоа Италијанецот повторно му го одзеде сервисот на српскиот тенисер, но Ѓоковиќ се врати во четвртиот гем и израмни на 2:2.
Во шестиот гем ја искористи третата брејк топка и поведе со 4:2, а во осмиот гем искористи уште една брејк шанса и се пласираше во финалето.
Таму го чека Карлос Алкараз, кој денеска со 2:0 во сетови го победи Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме, кој ќе игра со Музети во мечот за третото место.