Филипче: Бараат обединување и национално единство додека ги етикетираат и делат граѓаните

Од:

Ставовите и повиците за обединување за национално единство не се само празни зборови што треба да се кажат. Ако ние одиме да остваруваме вистински потреби на граѓаните и да имплементираме такви политики тоа треба да се покаже на дело и ќе искоментирам само една работа и се надевам дека тоа ќе биде сосема доволен одоговор на ваквото прашање, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Поднесовме амандмани за зголемување на платата на работниците согласно политиките што се спроведуваа изминатиот период, имавме сериозни состаноци со синдикатите и беа етикетирани дека извршуваат некакви партиски цели или партиски задачи, што мислам дека е срамно да се етикетираат такви организации што ги претставуваат сите работници. Нашите амандмани беа одбиени , а тоа беа амандмани за да се зголемат платите во образованието, здравството, да се зголемат платите на работниците што се борат со пожарите, во одбраната и во МВР, но за жал тоа власта го одби“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски